Наместо во Лига на шампиони, Стегавик ќе игра во Втора лига!

Името на Стефан Стегавик, сопругот на Камила Херем која игра во Вардар, се поврзуваше со неколку македонски клубови, пред се Металург со кој ќе имаше шанса да игра и во Лигата на шампионите, а искусниот плејмејкер тренираше и со Пролет, но до договор не дојде.

Затоа Стегавик се врати во Норвешка и потпиша двеиполгодишен договор со второлигашот Наербо, за кој викендов треба да го има дебито. Стегавик е поранешен ракометар на Елверум, а има играно и за многу други норвешки клубови како Рап, Малвик, Драмен, Колстад и Хеимдал. Пред две сезони го имаше и првото интернационално искуство, во романскиот тим Баја Маре.