Противникот на Вардар се засилува: Кристина Елез се враќа во Мец?

Поранешната хрватска репрезентативка Кристина Франиќ Елез, најверојатно ќе го засили францускиот првак Мец, кој е противник на Вардар во групата од претстојната главна фаза од Лигата на шампионите.

Доколку раководството на францускиот тим се увери во физичката подготвеност на Франиќ во тест периодот кој следи, Хрватката ќе направи камбек во тимот за кој играше две сезони. Таа не играше во ниту еден клуб, откако последно беше дел од Подравка, а претходно има настапи за Крим, унгарскиот Ерд и рускиот Ростов Дон. додека и за хрватската селекција запиша 135 настапи на кои постигна 414 голови.