ЧСМ Букурешт на Шундо и Џомба убедлив против Дунареа Калараши

Ракометарите на ЧСМ Букурешт кои од клупата се предводени од македонскиот стратег Звонко Шундовски ја продолжија победничката серија на шест меча без пораз и славеа на дуелот од 14 коло во романскиот шампонат над Дунареа Калараши со 34:26.

Македонскиот репрезентативец Гоце Георгиевски играше на овој дуел и постигна 2 гола од 3 обиди и заработи жолт картон. Следниот предизвик за ЧСМ ќе биде гостувањето кај составот на Васлуи.