Одредени термините за дуелите на вардарки од главната фаза во ЛШ

ЕХФ во соработка со клубовите ги одреди термините за натпреварите од главната фаза од Лигата на шампионите. Сите своите домашни натпревари Вардар ќе ги игра во термин од 17,30 часот во СЦ „Јане Сандански” Во главната фаза покрај екипата на Вардар ќе играат и екипите на Будуќност, Мец, Турингер, ФТЦ и Астраханочка. Се пренесуваат освоените бодови од групата од меѓусебните натпревари и ќе се играат уште шест кола, со трите екипи од група А кои сега вкрстуваат со Вардар. Најдобрите четири екипи ќе се пласираат во четвртфиналето каде ги чекаат ривалите од другата главна група.

Вардар е единствениот тим што групната фаза од Лигата на шампионите ја заврши без пораз, и во следната рунда тргнува со 7 бодови што ги пренесува од натпреварите од Б групата. Уште во првото коло на главната фаза, вардарки ќе гостуваат кај поранешниот европски првак во балканското дерби против Будуќност.

Распоред на натпревари на Вардар
29.01.2017 Будуќност – Вардар (19,30 ч.)
04.02.2017 Вардар – Мец (17,30 ч.)
12.02.2017 Турингер – Вардар (14 ч.)
26.02.2017 Вардар – Будуќност (17,30 ч.)
05.03.2017 Мец – Вардар (15 ч.)
11.03.2017 Вардар – Турингер (17,30 ч.)