Лазаров и Темишвар се рехабилитираа за елиминацијата од ЕХФ Купот, славеа над Сучеава

Откако беа елиминирани од словенечкиот тим Рико Рибница во Купот на ЕХФ, ракометарите на Темишвар, каде играат Филип Лазаров и Златко Даскаловски им се вратија на домашните обврски во романскиот шампионат.

Во заостанатиот натпревар поради европските настапи, Темишвар на домашен терен не дозволи изненадување и славеше над Сучеава со 33:25. Лазаров во победата придонесе со 1 гол од 2 обиди, а следниот натпревар Темишвар ќе го игра против лидерот Доброгеа Констанца.