Норвежанката не мрда од Унгарија: Гримсбо останува во Ѓер до 2020 година!

Откако му се придружи на тимот на Ѓер во јануари 2015 поради повредата на Јелена Грубишиќ, Кари Гримсбо веднаш стана миленик на фановите и ја оправда довербата која и беше дадена од унгарскиот шампион. Минатата сезона стана неизоставен дел од тимот, а годинава исто така ги потврдува своите квалитети, па Унгарците не чекаа многу да и понудат нов договор. Со новиот потпис Гримсбо се обврза на верност до 2020 година.

„Задоволна сум што брзо се договоривме за нов договор. Не морав многу да размислувам, и јас и моето семејство се чувстуваме одлично во Ѓер. Мојот клуб е меѓу најдобрите европски и се радувам што ќе бидам дел од овој проект во следните три години.“ – изјави Гримсбо, која се подготвува со Норвешка за настап на ЕП.

Фото: gyorietokc.hu