Небојша Симиќ три години во Мелсунген?

Црногорскиот голман Небојша Симиќ, кој се споменуваше како засилување за македонскиот првак Вардар, од Кристијанштад ќе се пресели во Бундес Лигата. Според информациите, тој веќе има потпишано тригодишен договор со Мелсунген

Симиќ е еден од најдобрите млади европски голмани и не ретко на дуелите од Лигата на шампионите знае да има и над 20 одбрани, со што го сврте вниманието на големите европски клубови. Сепак, ниту фактот што неговиот татко Горан Симиќ е дел од Вардар, не беше доволен за црногорскиот голман да се реши за преселба во Скопје, па македонскиот тим ќе мора да се пушти во потрага по ново засилување за чувствителната позиција каква што е голманската.

Голманот кариерата ја почна во Ловќен, од каде што се пресели во Шведска, но досега не доби шанса во сениорската селекција, бидејќи селекторот Обрадовиќ го игнорираше. Црна Гора ќе има нов селектор, па може да се очекува и деби на Симиќ во националниот тим

One Response

  1. Црногорецот се сели во Бундес Лигата: Симиќ не доаѓа во Вардар, потпиша за Мелсунген | 24 РАКОМЕТ

    […] медиумите веќе го преселија во „црвено-црниот“ тим, 24Ракомет пред неколку недели објави, дека Симиќ потпиша тригодишен договор со […]