Талески за 24Ракомет ТВ: Арсиќ го одлучи натпреварот! (ВИДЕО)

Металург издвојува значајна победа во рамките на групната фаза од Лигата на шампионите победувајќи го Татран Прешов на домашен терен. Момчето кое со десет погодоци оваа вечер го предводеше младиот состав на „сино-белите“, Филип Талески по натпреварот истакна дека играта во првото полувреме не била на посакуваното ниво, но со помош на голманот Арсиќ успеале да се издигнат и да триумфираат. Целосната изјава на Талески погледнете ја во продолжение.