Илија Брозовиќ заминува од Кил, следна дестинација Хановер?

Хрватскиот репрезентативен пикер Илија Брозовиќ, на крајот на оваа сезона најверојатно ќе си замине од тимот на Кил и ќе се пресели во амбициозниот тим на Хановер. Тоа ќе биде трет бундес клуб за него, откако по трансферот од Загреб играше и во Хамбург.

Според шпекулациите, Брозовиќ веќе го има ставено потписот на договорот, кој е тригодишен што значи дека пикерот ќе остане во Хановер до 2020 година. Пред неколку недели, овој тим го обезбеди потписот на некогашниот член на Металург, Павел Атман.