Одорхеи ја продолжи победничката серија, се доближува до врвот

„Македонскиот“ состав на Одорхеи, забележа нова победа во романскиот шампионат, откако во натпреварот од 13 коло славеше на гостувањето кај составот на Фочани со 27:25, а и на полувремето водеше со 14:10.

Од македонските интернационалци само Гоце Ојлески се запиша во листата на стрелците и даде 2 гола од 4 обиди, додека Горан Кузмановски немаше погодок, а Милорад Кукоски не беше во составот. Сега Одорхеи има четири бодови помалку од Констанца, а три бодови помалку од Динамо Букурешт.