Против стариот должник на почетокот: Вардарки со познати противници во главната фаза

По загубениот бод од ФТЦ на почетокот на Лигата на шампионките, македонскиот првак Вардар со нов, тренер, сигурна игра, високи и убедливи победи успеа да го достигне врвот во групата Б.

Со седум освоени бодови Вардарки ќе ја предводат својата група и во главната фаза, каде покрај Вардар, ФТЦ Будимпешта и Астраханочка ќе се најдат трите најдобропласирани екипи од групата А, Будуќност, Мец и Турингер.

Будуќност ќе биде најсилниот противник од оваа фаза на натпреварвуањето. Црногорките ќе го започнат вториот дел од елитното натпреварување со шест бодови, еден помалку од Вардар. Натпреварите од главната фаза ќе се одиграат од крајот на јануари до почетокот на март, а првите четири екипи ќе се пласираат во четвртфиналето на Лигата на шампионките.

Табела -Главната фаза-
1. Вардар – 7
2. Будуќност – 6
3. ФТЦ – 5
4. Мец – 4
5. Турингер – 2
6. Астраханочка – 0

Распоред на натпревари на Вардар
27-29.01.2017 Будуќност – Вардар
03-05.02.2017 Вардар – Мец
10-12.02.2017 Турингер – Вардар
24-26.02.2017 Вардар – Будуќност
03-05.03.2017 Мец – Вардар
10-12.03.2017 Вардар – Турингер