ФТЦ се намачи со Астраханочка

Во последниот натпревар од групата Б, унгарскиот преставник во Лигата на Шампионите – ФТЦ Будимпешта триумфираше на гостински терен против Астраханочка 33-28.

Астраханочка пружи вистински отпор на денешниот натпревар и во првиот дел замина на пауза со нерешен резултат 14-14. Расположената Сабирова со 11 погодоци немаше сили сама да го победи поискусниот противник па така ракометарките на ФТЦ ја земаа контролата во свои раце и во вториот дел тримфираа со 33-28 за потврдување на втората позиција во групата.

Овој пораз беше петти по ред за рускиот шампион но без разлика на лошиот учинок, русинките како третопласирана екипа се најдоа во главната фаза. Вардар, ФТЦ и Астраханочка во следната фаза ќе ги вкрстат силите со екипите на Будуќност, Мец и Турингер.