Дебитантот Есбјерг обезбеди пласман во главната фаза на ЛШ

Дебитантот во Лигата на Шампионите – Есбјерг стана вториот дански преставник во главната фаза на најелитното натпреварување по денешната победа остварена над шведскиот шампион – Савехоф.

Натпреварот беше одлучувачки за пласман во следната фаза но возбудувањата на овој натпревар изостанаа бидејќи Есбејрг во ниту еден момент не му дозволи на противникот да се надева на победа на гостински терен. Двата шведски голмани – Иден и Бундсен беа на ниво во првиот дел, а Полман со 5 погодоци беше најдобар стрелец во победничката екипа која триумфираше со резултат 29-18 (15-19).

Со оваа победа Есбјерг ја освои третата позиција го групата Д и заедно со Крим и Ларвик обезбеди влез во следната фаза. Овие три екипи во главната фаза ќе вкрстат со екипите кои се натпреваруваа во групата Ц – Ѓер, Митјиланд и Букурешт.