Цветковски стандарден, Хелсинборг со висока победа

Составот на Хелсинброг каде настапува македонскиот голман Јане Цветковски забележа убедлива победа над Варберг со 32:22, во рамките на дуелот од 9 коло во Алсвенскан лигата во Шведска.

Цветковски имаше стандардна партија на домашниот гол и забележа вкупно 11 одбрани, а дел од нив, четири по ред, беа во важни моменти кога гостинскиот тим во вториот дел започна опасно да се приближува.

Хелсинборг сега се наоѓа втората позиција со ист број бодови како и Онередс, но и со меч повеќе, а следниот дуел ќе го игра на гости кај Римбо.

Фото: hd.se