Лазаров стрелец на голот број 25.000 за каталонскиот гигант во Асобал

Ракометарите на Барселона ја забележаа 102 победа по ред во Асобал лигата на гостински терен кај Бидасоа Ирун со 35:26, иако наидоа на отпор во првиот дел од домашниот тим. Во каталонскиот гигант се истакнаа Лазаров и Нодесбо со по 6 гола. Но тоа не е главниот момент за издвојување од овој натпревар.

Најважното е тоа што капитенот на македонската репрезентација, продолжува да го запишува своето име со златни букви во историјата на каталонскиот гигант. Кирил Лазаров е стрелец на јубилејниот 25.000 гол на Барселона во Асобал лигата, а тој гол беше всушност 14 на мечот против Бидасоа.