Јакобсен го презема кормилото на Данска?

Откако стана јасно дека Гудмундур Гудмундсон нема да го продолжи договорот до данската ракометна федерација, нејзините челници се пуштија во потрага по нов селектор. Тренерот на Рајн Некар Левен, Николај Јакобсен е првиот фаворит за преземање на кормилото по СП во Франција.

Јакобсен сигурно би го прифатил предизвикот за да ги води Микел Хансен и компанија, но останува да се види како на тоа ќе реагираат челниците на тимот од Манхајм, со оглед на тоа што тој има договор со германскиот првак до 2020 година.