Каменица: Натпреварот лесно можеше да се сврти на другата страна (ВИДЕО)

Македонското првенство станува уште поинтересно откако вечерва градското дерби во Битола повторно го доби Пелистер. Составот на Касим Каменица беше поуспешен во неизвесната и возбудлива завршница на првиот дуел од 10-то коло во македонската Суперлига.

Во спортската сала „Младост“ Пелистер славеше победа за подигнување на самодовербата пред евро-настапот овој викенд. Тренерот по натпреварот задоволен од резултатот но не и од играта истакна дека подготвени ќе го дочекаат босанскиот состав Вогошча во рамките на Челинџ Купот, натпревар кој се игра во сабота од 18:00.