Ал Васл на подготовки во Струга

Тимот на Ал Васл од Дубаи во текот на утрешниот ден, ќе допатува во Македонија, односно во Струга, каде во претстојните осум дена ќе ги реализираат мини подготовките пред стартот на тамошниот шампионат.

Ал Васл во понеделник ќе одигра пријателски натпревар со битолскиот суперлигаш Еурофарм Работник, а два дена подоцна ќе ги одмери силите со составот на Охрид. Учеството на африканските тимови и добрата соработка меѓу организаторите на Струшкиот турнир и клубовите од Блискиот Исток, беше одлична препорака за составот на Ал Васл да дојде во Македонија.