Цветковски одличен на голот, Хелсинборг со гостинска победа

Македонскиот интернационалец Јане Цветковски имаше големи заслуги за минималниот ттриумф на неговиот Хелсинборг со 27:26 над Тиресо, во рамките на натпреварот од 8 коло од Втората лига на Шведска.

Поранешниот голман на Пролет, Тополчани и Босна беше меѓу стативите скоро цел натпревар и забележа вкупно 16 одбрани. Хелсинборг засега се наоѓа на 3 позиција на табелата, односно на место кое води ранг погоре, а следниот дуел ќе го игра дома против составот на Варберг.