Мавсар за 24Ракомет ТВ: Се надевам ќе го наплатиме долгот против ФТЦ

По нерешениот исход на првиот натпревар оваа сезона во Лигата на Шампионите, ракометарките на ЖРК Вардар денес гостуваат во Будимпешта кај екипата на ФТЦ во натпреварот кој директно ќе одлучува за првата позиција во групата Б.

Тамара Мавсар во кратката изјава која е достапна во видеото подолу истакна дека нејзината екипа мора да одигра цврсто во одбрана доколку сака да ги добие двата поена од овој дуел и се надева дека Вардар ќе го наплати долгот против ФТЦ.

Натпреварот е со почеток од 15 часот, а во составот на вардарки се враќа Барбара Лазовиќ, додека Алтахус нема да настапи на овој дуел поради болки во грбот.