Данска ќе бара нов селектор: Гудмундсон заминува по СП во Франција

Исланѓанецот Гудмундур Гудмундсон нема да го продолжи договорот со Данската федерација и ќе си замине од селекторското место по три години, откако ќе му истече актуелниот договор. Искусниот стратег го презема кормилото на Данска во летото 2014 година од Улрих Вилбек, па по двата неуспеха на СП во Катар и ЕП во Данска, влезе во историјата на данскиот ракомет откако го освои златниот медална ОИ во Рио.

Гудмундсон има и сребро од ОИ во Пекинг, но тогаш беше на клупата на Исланд. Две сезони седеше и на клупата на Рајн Некар, а која ќе биде неговата следна дестинација ќе дознаеме наскоро.