„Оса“ и Ангеловски без грешка, Белфор со висока победа во францускиот Куп

Ракометарите на Белфор, каде играат двајцата македонски интернационалци Дарко Оса Георгиевски и Александар Ангеловски, славеа убедливо на домашен терен против Мулуз со 39.23, во рамките на натпреварот од 4 коло на Купот на Франција.

Ангеловски на овој дуел имаше 4 голови од 4 обиди, а заработи и жолт картон, додека Георгиевски исто така биеше без грешка, 3 од 3, додека заработи и едно исклучување. Следен противник на Белфор ќе биде второлигашот Понто Комбо.