Уште една легенда заминува во пензија: Каспер Хвит реши да стави точка

Легендарниот чувар на мрежата, Каспер Хвит, одлучи на 40 години да ја заврши кариерата. Голманот на Колдинг ќе стави крај на крајот од оваа сезона и ќе му каже збогум на ракометот. Во минатите 20 години, тој освои се што може да се освои.

Иако имаше понуда од Колдинг да продолжи уште една сезона, сепак нема да биде така и најверојатно ќе биде тренер на голманите во данскиот првак. Низ богатата кариера, Хвит ги носеше дресовите на девет клуба – Ајакс Копенхаген, Кањас, Лемго, Адемар Леон, Портланд Сан Антонио, Барселона, ФЦК Копенхаген и КИФ Колдинг, а со успех го носеше и дресот на данската селекција.

Фото: dr.dk