Проблеми за Рајн Некар: Ким Екдал ду Риц ја завршува кариерата?!

Поранешниот шведски репрезентативец Ким Екдал ду Риц најверојатно ја игра својата последна сезона во кариерата. Иако има уште една година од актуелниот договор со германскиот шампион Рајн Некар, сепак тој посакува раскин на крајот на оваа сезона.

Toј беше еден од клучните играчи на „лавовите“ минатата сезона кога стигнаа до титулата во Бундес лигата, а исто ја предводеше и шведската селекција на ОИ во Лондон 2012 година, пред да се повлече од репрезентацијата на само 25 години.

Ду Риц веќе го информирал раководството на Рајн Некар дека сака раскин на договорот и дека планира да стави крај на играчката кариера на само 27 години. Од клубот исто така ги потврдија желбите на ракометарот и информираа дека може да добие раскин доколку си плати оштета, но потенцираа дека ќе се обидат да го задржат барем до крајот на договорот следната година.

Фото: expressen.de