Лазаров со влез во репрезентативниот „клуб 1000“ (ВИДЕО)

36-годишниот Кире Лазаров е еден од најдобрите десни бекови во светот и веројатно еден од најдобрите ракометари воопшто. Тој и понатаму е лидерот на македонската репрезентација, со која учевствуваше на повеќе ЕП и СП. Откако во Лигата на шампионите стигна до бројката 1000 голови играјќи за Загреб, Сиудад Реал, Веспрем и Барселона, на добар пат е тоа да го направи и во дресот со националниот грб.

Најдобариот стрелец во историјата на ЕП и СП, се уште нема забележано настап на ОИ, но можеби и тоа ќе се случи во Токио 2020 година, иако тогаш ќе има полни 40 години. Во дресот на националната селекција Лазаров досега има постигнати 989 голови (според ЕХФ) и му требаат уште 11 да влезе во клубот 1000.  Дали ќе успее да дојде до таа бројка против Чесите, останува да се види. Во продолжение дел од неговите голови во кариерата за Македонија…