Шведска ја размонтира Црна Гора, Франција ја дуплира Литванија

Репрезентацијата на Шевдска имаше успешен старт на квалификацискиот циклус за пласман на Европското Првенство во Хрватска во 2018 година, откако на домашен терен славеше убедливо против разнишаната од скандали, Црна Гора, со 36:21.

Домашните си го фатија редот уште од стартот на мечот, направија висока разлика до крајот на првиот дел се движеше од 3 до 5 голови, за на пауза да се замине со предност за Шведска од 14:9. Во вториот дел иста приказна на теренот. Борозан и компанија се изнапромашуваа, правеа и технички грешки, а секоја од нив беше казнувана со погодок, се до конечните 36:21.

Во шведскиот национален тим сите играчи, освен двајцата голмани и дефанзивецот Дарј, се запишаа во листата на стрелците, а предничеа Готфридсон со 6, како и крилата Екберг и Толбринг со по 5, додека во Црна Гора ракометарот на Вардар, Вуко Борозан беше најдобар со 5 голови од 14 обиди.

Франција ја преслуша Литванија со 37:20, а најдобар стрелец кај „триколорите“ беше Кентин Мае со 7 голови, додека кај гостинската репрезентација се истакна Плета со 4 голови.