Никој не им може ништо: Лазаров и Барселона до 100-та победа по ред во Асобал

Капитенот на македонската репрезентација Кире Лазаров, влезе во историјата на Асобал Лигата заедно со неговиот тим Барселона, кој ја запиша 100-тата победа по ред во шпанскиот шампионат. Каталонскиот гигант гостуваше кај Синфин во Сантандер и славеше со 27:22, но мораше малку да се помачи да дојде до триумфот.

Синфин добро започна, поведе со 3:0, водеше скоро цело полувреме, но на одмор Барса замина со предност од 13:12. Во вториот дел немаше никаква дилема и екипата на Пасквал лесно стигна до победа од 27:22. Лазаров постигна 2 гола, додека Томас и Нодесбо со по 4 гола беа најефикасни во победничкиот тим.

Барселона последен пат загуби во Асобал Лигата на 18 мај 2013 година, кога тимот на Пасквал беше поразен на гостувањето против Ла Риоха со 33:31.