Франција: Изненадувачки пораз за Шамбери, Монпеље убедлив против Екс

Во рамкитена 4 коло во францускиот шампионат се одиграа неколку интересни дуели. Тимот на Шамбери, предводен од екс селекторот Ивица Обрван изненадувачки загуби на гостувањето кај Кретеј со 31:29. Ниту 7-те голови на црногорскиот репрезентативец Фахрудин Мелиќ не беа доволни за позитивен резултат.

Монпелје по неочекуваниот пораз од Елверум во Лигата на шампионите, лесно и убедливо го победи тимот на Екс ан Прованс со 31:22 на гостински терен, додека уште еден учесник во ЛШ, Нант, иако голем фаворит не успеа да победи на домашен терен на мечот против Иври, кој заврши 30:30. Со истиот резултат заврши и дуелот меѓу Тулуз и Саран.

Во другите дуели, Ним беше подобар на гости од Селеста со 25:22, додека Сесон Рен ја оствари првата победа сезона, откако го победи Сен Рафаел на домашен терен со истиот резултат.