Дидие Динар го објави првиот список на ракометари како селектор на Франција

Дидие Динар и неговиот помошник Гијом Жил во координација со тим-менаџерот Клод Онеста, го објавиј списокот на 25 ракометари на кои ќе сметаат за првите подготовки по неуспешниот настап на ОИ во Рио.

Грото од репрезентативците се истите оние на кои и досега паѓаше товарот, плус дополнети со оние кои имаа помала минутажа. Камбек има за левото крило на Монпеље, Арно Бинго, додека за прв пат повик добија младите Лен од Селеста и Дика Мем од Барселона. Исто така вреди да се одбележи камбекот на Хавиер Бараше од ПСЖ.

Подоготовките со новиот селектор, Франција ќе ги започне на 31 октомври, а првите мечеви од квалификациите за ЕП, ќе ги одиграат против Литванија и Белгија.

Фото: experts-handball.com