Трефилов го објави поширокиот список на ракометарки за ЕП во Шведска

Селекторот на женската репрезентација на Русија, Евгениј Трефилов, го соопшти поширокиот список на ракометарки за престојното ЕП кое ќе се одржи во декември оваа година во Шведска. Трефилов мораше да најде соодветни замени за Ирина Близнова, Ана Кочетова, Олга Акопјан како и за повредената голманка, Анја Седојкина.

На списокот доминираат ракометарките од Ростов и Кубан Краснодар. Русија на ЕП во Шведска е во група заедно со Хрватска, Норвешка и со селекцијата на Романија. Помладената репрезентација на Русија своите подготовки ќе ги започне наредниот месец каде Трефилов ќе ги избери 16-те ракометарки.

Список на ракометарки

Голман:

Викторија Калинина ( Кубан)

Кира Трусова ( Астраханочка)

Елена Уткина (Лада)

Бекови:

Влада Бобровникова ( Ростов)

Ана Сен ( Ростов)

Викторија Жилинскајите ( Кубан)

Олга Горешнина ( Кубан)

Људмила Постнова ( Астраханочка)

Карина Сишенова ( Астраханочка)

Антониа Скоробогатшенко ( Динамо)

Анастасија Суслова ( Динамо)

Екатерина Илина ( Ростов)

Дариа Дмитриева ( Динамо)

Крилни играчи:

Марија Судалова ( Кубан)

Полина Кузнетцова ( Кубан)

Оксана Свитенко ( Кубан)

Дариа Самокина ( Лада)

Пикер:

Ксениа Макеева ( Ростов)

Александра Стефанова ( Ростов)

Јана Жилинскајите ( Кубан)