Не одигра ниеден меч, а си замина: Кристина Лишчевиќ ја напушти Астраханочка

Поранешната раометарка на Металург, Кристина Лишчевиќ си замина од Астраханочка, рускиот првак кој е противник на Вардар во групната фаза од Лигата на шампионите. Рускиот тим се соочува со финансиски проблеми и скоро сите квалитетни ракометарки си заминаа. Иако средниот бек од Србија играше на подготвителните турнири, сепак не одигра ниеден официјален меч за Астраханочка.

Лишчевиќ претходно потпиша и за унгарскиот Шиофок, но и таму без да одигра натпревар и беше прекинат договорот, па потоа се реши за рускиот предизвик, кој и баш не беше вистински предизвик. Таа отсега ќе биде дел од новиот голем руски проект кој ќе го води актуелниот руски селектор Евгениј Трефилов, Кубан Краснодар.

Лишчевиќ беше дел и од националниот тим на нашиот северен сосед, а освен за Металург, има играно и за Црвена Ѕвезда, Вац и Мец во францускиот шампионат.