Катастрофален пораз за Астраханочка во домашниот шампионат

Иако екипата од Астрахан како шампион на Русија обезбеди место во Лигата на шампионките сепак се чини дека уште во ноември ќе ја заврши својата авантура на европска сцена. Амбициозниот тим на Астраханочка пред почетокот на  сезоната се соочи со голем број проблеми, поради заминување на надобрите ракометарки од тимот што беше причина екипата да продолжи да настапува со ракометарки од младинскиот погон.

Иако во првото коло Астраханочка го изненади Динамо Синара на свој терен, во второто коло од домашното првенство беше катастрофално поразена од Лада со високи 36:22. При резултат 9:0 за Лада веќе беше јасно дека Астраханочка ја очекува тежок пораз. Своите надежи за достојно претставување екипата ги бара во искусната Постнова која остана во клубот, но поради повреда нема да може многу да им помогне на своите соиграчки.

Вардарки на крајот на октомври ќе гостуваат во Русија, кај Астраханочка во рамките на третото коло од Лигата на шампионките.

Фото  – Дмитрия Марочкина