Започна рускиот шампионат во машка конкуренција

Според резултатите од првото коло, оваа година во машкиот шампионат на Русија ќе биде неизвесно кој од тимовите ќе ја освои титулата, бидејќи еден од фаворитите киксираше уште на стартот.

Вкупно 12 тима се натпреваруваат во првенството, а победа во првото коло остварија Универзитет Нева, екипата од Перм – Пермски медведи, Динамо Астрахан и Динамо Виктор од Ставропол, додека Динамо Челабинск и Сунгул одиграа нерешено.

Првото коло ќе се комплетира со натпреварот помеѓу Скиф од Краснодар и Каустик од Волгоград.

 Резултати 1 коло

Динамо Виктор – Чеховски медведи 27:26 (15:12)

Пермски медведи – Угнту Уфа 26:24 (14:14)

Универзитет Нева – Москва 37:25 (18:11)

Динамо Челабинск – Сунгул 27:27 (15:12)

Динамо Астрахан – СГАУ Савратов 24:23 (10:9)

Лидер на листата на стрелци моментално е Кирил Воронин од Универзитет Нева кој на првиот натпревар постигна 11 погодоци.