Започна рускиот шампионат: Астраханочка го шокираше Динамо Синара, Ростов убедливо против АГУ – Адиф

Денес со натпреварот Астраханочка – Динамо започна новата ракометна сезона во руската женска лига. Првото коло го отворија токму овие две екипи во Астрахан, а домашната екипа го шокираше составот од Волгоград и триумфираше со 26:25 (15:14).

Иако Астраханочка во овој дуел влезе ослабена поради заминувањето на целата прва постава од клубот, сепак домашните ракометарки многу борбено стигнаа до првите бодови. Блескава партија одигра Сабирова која беше нерешлива енигма и со своите осум погодоци беше прв стрелец на натпреварот. Голманското дуо на Астраханочка, Трусова и Рабцаева заедно собраа 20 интервенции.

Во вториот натпревар од првото коло Ростов Дон немаше никакви проблеми на гостински терен и забележа убедлива победа против АГУ –Адиф со 42:23.

Foto – Dmitry Marochkin