Ростов Дон го освои Суперкупот на Русија

Ракометарките на Ростов Дон без проблеми го освоија Суперкупот на Русија и на свој терен убедливо ја совладаа Астраханочка која во Ростов допатува без ,,прославената” прва постава која премина во Кубан Краснодар. Уште на самиот почеток при резултат 11 : 3 за домашната екипа се знаеше дека трофејот ќе оди за избраничките на Јан Јесли. Крајниот резултат гласеше 34:23 (21:9) и ракометарките на Ростов го прославија првиот трофеј сезонава.

Најефикасна на натпреварот беше Екатерина Илина со осум погодоци и беше предводник на победничкиот тим во Суперкупот.