Руското првенство започнува за една седмица: Ростов, Кубан и Лада главни фаворити за титулата

На неполна седмица пред почетокот на рускиот шампионат во женска конкуренција екипата на Астраханочка која се сметаше за главен фаворит за домашната титула веќе би можела да се смета за главен кандидат за последното место доколку се оствари шпекулацијата дека цела прва постава на клубот ќе премине во Кубан под раководство на Евгениј Трефилов.

Клубот од Краснодар минатата сезона им направи неколку проблеми на главните фаворити и со добрите резултати обезбеди учество на европска сцена.

Во новата сезона ќе се натпреваруваат 11 тимови, а главни фаворити за освојување на титулата ќе бидат Ростов, Кубан и Лада. Звезда Звенигород и Динамо ќе бидат кандидати за 4-та односно 5-та позиција, а преостанатите екипи ќе се борат за подобар пласман во рускиот шампионат.

 Стартот ќе го означи првиот дуел во Астрахан на 9 септември каде домашната екипа ќе го пречека Динамо. Амбициозниот состав на Лада првенството ќе го започне на 13 септември каде пред своите фанови силите ќе ги одмери со Астраханочка.

Руска лига/ сезона 2016 – 2017

  1. Луч
  2. АГУ – Адиф
  3. Астраханочка
  4. Динамо Синара
  5. Звезда
  6. Кубан
  7. Лада
  8. Ростов Дон
  9. Ставропоље
  10. Универзитет
  11. Уфа – Алиса