Кузмановски: Ова не е реален пласман, требаше да играме во полуфинале!

Еден од подобрите македонски ракометари на ЕП во Хрватска секако беше Филип Кузмановски, кој покажа дека ќе биде светла иднина на македонскиот ракомет.

По исцрувачкиот меч против Чешка, уморот и психичкиот момент беа едни од клучните фактори за лошото второ полувреме против Данска.

“Уморот и тоа што малце психички паднавме по вчерашниот пораз од Чешка. Ова беше последен натпревар, дадовме се од себе, малце бевме уморни но тоа е. На натпреварите ние младите добивме шанса, која мислам дека полека почнуваме добро да ја користиме и мислам дека во иднина треба да се смета многу повеќе на нас. Мислам дека денеска добро ја искористивме шансата само во првото полувреме, во второ не”.

Кузмановски смета дека ова не е реален пласман на Македонија на ЕП, и според квалитетите кои ги поседува Македонија требаше да игра полуфинале.

“Ова не е реален пласман на ЕП за Македонија. Според квалитетите кои ги поседуваме требаше да играме полуфинале.”-заврши Кузмановски.