Супер машка лига: Металург и Работник го отвораат 13. коло

Екипите на Металург 2 и Е. Работник денеска во 18 часот ќе го отворат 13. коло во Супер машката лига кое ќе биде претпоследно за 2017 година. Тие играат порано од другите тимови кои за викенд ќе ја одработат својата задача така што во салата во „Автокоманда“ ќе може да се проследи интересен дуел.

Гостите се фаворити на овој меч, но младите „металурзи“ неколкупати покажаа дека знаат како треба да одиграат и со многу поискусните состави што значи дека ова ќе биде добра можност за надигрување.

Инаку, другите три меча ќе бидат одиграни в сабота кога ќе се затвори ова коло. На програмата в сабота ќе бидат средбите меѓу: Радовиш-Охрид, Пролет-Вардар јуниор и Борец-Пелистер.