30 јуни е рокот за пријавување на екипите во Супер машката и во Женската лига

На годишната конференција на клубовите од Супер машката и Женската лига, од Ракометната федерација информираа дека рокот за пријавување на сениорските екипи ќе биде до 30 јуни.

Во Супер лигата играа 12 екипи во минатата сезона, истата бројка ќе биде и во следната сезона, додека во женска конкуренција бројката оваа сезона ќе биде поголема од десетте што играат во изминатата сезона.

Ждрепката за натпреварувачки броеви ќе биде одржана кон крајот на август, кога ќе се знаат и точните датуми за старто на првенствата.