24 Ракомет ТВ на Бан Јелачиќ: Македонските и хрватските фанови навиваа заедно (ВИДЕО)

Средбата меѓу Хрватска и Србија која се игра во Сплит е следена со големо внимание насекаде низ Хрватска, а во Загреб на Бан Јелачиќ имаше голема заинтересираност. На едно место имаше навивачи од Хрватска и од Македонија кои навиваа заедно, па тоа е најава за заедничко навивање и утре кога Македонија ќе игра против Словенија.

300x250

Екипата на 24 Ракомет ТВ беше дел од групата навивачи и ја искористи можноста да добие одговор на неколку интересни прашања поврзани со средбите на Хрватска и на Македонија на ова првенство.

Имаше коментари дека утре ќе навиваат за Македонија, но дека очекуваат Словенија да успее да победи, Од Хрватска очекуваат одлични резултати. Македонските фанови се задоволни од пречекот и велат дека се чувствуваат како дома секогаш кога се во Хрватска.

Затоа погледнете и уверете се каква беше атмосферата во Загреб денеска и што може да се очекува утре.