24Ракомет ТВ интервју со Маиса Песоа: Си заминав бидејќи тука ги менуваат тренерите како што се менува времето!

Таа е една од најмаркантните ракометарки кои го носеле „црвено-црниот“ дрес. Поранешната ракометарка на Вардар Маиса Песоа во ексклузивно интервју за 24 Ракомет ТВ зборува за своите почетоци, шампионската титула со ЦСМ Букурешт, трансферот во Ростов Дон и состојбите во Вардар пред да замине од Скопје. Вели шампион не се станува ако ги менуваш тренерите како што се менува времето, но затоа условите кои ги нуди клубот Вардар не можат да се споредат на ниту едно друго место.

Знаела дека заминува од Вардар моментот кога Дејвис го напуштил женскиот тим, вели Скопје дури сега го запознала вистински. А единствено кога ја зема својата девојка Ники од аеродром има можност да се увери во силата на својот миленик, автомобил од брендот Мустанг.

Со љубовта на нејзиниот живот се сретнале случајно на Пан-Американските игри, а од 2011 таа е амбасадор на ЛГБТ заедницата на Олимписките игри.

Повеќе можете да погледнете во интервјуто на Маиса Песоа за 24Ракомет ТВ.

Повеќе фотографии од интервјуто со бразилската репрезентативна голманка, Маиса Песоа можете да погледнете во галеријата.