Јуниор Кисела Вода сигурен на свој терен

Во меч со две различни полувремиња екипите на Јуниор Кисела Вода и РК Алушовски одиграа меч со 59 погодоци и резултат 34:25.

Првиот дел мина во израмнета игра, но притоа тимот на РК Алушовски беше во постојана предност. Домаќинот од Кисела Вода се бореше постојано за добар резултат, но не можеше да ја сврти средбата во своја корист.

После 14:15 на крајот од првото полувреме дојде до измени во ритамот и со 3:0 на стартот на вториот дел Јуниор Кисела Вода успеа да го донесе резултатот во позиција да дозволи полесна игра. Гостите имаа проблеми во вториот дел да се одржат на исто ниво на реализација, па тоа беше искористено од домашните за да се направи пресврт и на крајот да се слави со 34:25.

Со ова Јуниор со 12 бода во моментов е трет, додека РК Алушовси останува без бодови.

ЈУНИОР КИСЕЛА ВОДА – АЛУШОВСКИ               34:25 (14:15)

Сала: „Круме Кепески“ во Скопје. Гледачи: 100. Судии: Благоја Кимовски и Блаже Михајлов од Скопје. Делегат: Мамер Реџепи од Скопје.

ЈУНИОР КИСЕЛА ВОДА: Затаракоски 1, Костадиноски, Витанов 4, Благопетров 9, Крстевски 1, Јордановски, Чапов, Трајковски 6, Јаховиќ, Костадинов, Крстов 3, Башевски 6, Тодоров 3, Атанасовски, Трајчевски 1, Кафтански.

Седмерци: 3/5, Исклучувања: 8 мин.

РК АЛУШОВСКИ: Павловски, Стојчевски 2, Абдулкарим 1, Пановски, Па. Атанасиевиќ 6, Пе. Атанасиевиќ 6, Донев 2, Мартиновски, Крстевски 2, Рачевски 4, Хазир, Белистојановски 2.

Седмерци: 1/2, Исклучувања: 10 мин.