Ѓорчепетровки сигурно против РК Алушовски

Ракометарките на Ѓорче Петров одиграа добар натпревар на домашен терен и ги зачуваа бодовите против РК Алушовски славејќи победа од 34:26.

Во текот на целата средба ѓорчепетровки беа во водство, а гостинките успеаја да израмнат на стартот на 1:1, но и потоа на 7:7. Ракометарките на РК Алушовски беа во водство неколкупати после 8:7, но после 14:12 веќе не успеаја да ја зачуваат предноста и до крајот на првиот дел до 5:0 домашните стигнаа до водство од три гола на одмор.

Вториот дел веќе беше со постојана предност на тимот на Ѓорче Петров. Гостинките немаа сили не можеа да парираат, па останаа без шанса за нешто повеќе и претпеа нов пораз.

Ова беше првиот дуел од 11. коло од Женската лига, а другите средби е предвидено да бидат одиграни во текот на викендот.

ЃОРЧЕ ПЕТРОВ – РК АЛУШОВСКИ          34:26 (17:14)

Сала: Христо Батанџиев во Скопје. Судии: Виктор Андонов и Стојанче Јовановски од Скопје. Делегат: Сашо Младенов од Скопје.

ЃОРЧЕ ПЕТРОВ: Маринков, Несторовска, Чубриноска, Донева 8, И. Петровска 8, Малцева 2, Кежаровска, Србиновска 5, Јовановска, Ј. Петровска, Шкријељ, Грковска, Антеска 1, Маринковска, Цветановска 10.

Седмерци: 6/6, Исклучувања: 8 мин.

РК АЛУШОВСКИ: Стојковска, Божиновска 3, Велигденова 6, Ангеловска 4, Петковска 2, Георгиевска 6, Тодоров, Николовска 1, Мисовска 1, Алушовска, Трајановска 3, Ристовска, Младеновска, Костадиноска, Димитријоска.

Седмерци: 5/5, Исклучувања: 18 мин.