Ѓорчепетровки одработија по план, го совладаа Овче Поле СУ

Ракометарките на Ѓорче Петров го искористија домашниот терен и успеаја да го надиграат составот на Овче Поле СУ со 29:21 и на тој начин се изборија за три важни поени, а ова им беше втора победа сезонава.

Ѓорчепетровки беа во предност во текот на целата средба. Уште во првиот дел создадоа предност од четири гола и на одмор заминаа со 14:10.

Овие четири гола беа повторени и во второто полувреме. Ја зголемија предноста за нови четири погодоци, па на крајот триумфот беше 29:21.

ЃОРЧЕ ПЕТРОВ – ОВЧЕ ПОЛЕ СУ              29:21 (14:10)

Сала: Христо Батанџиев во Скопје. Судии: Адриана Здравковска и Сања Божиновска од Скопје. Делегат: Зоран Кимовски од Скопје.

ЃОРЧЕ ПЕТРОВ: Јовановска, Ѓорѓиева, Маринов, Несторовска, Чубриноска, Донева 4, И. Петровска 8, Малцева 1, Кежаровска, Србиновска 6, Ј. Петровска, Шкријељ, Гркова, Цветановска 10, Антеска.

Седмерци: 4/4, Исклучувања: 6 мин.

ОВЧЕ ПОЛЕ СУ: Димчева, Манева 4, Јовановска 3, Вучевска 4, Павловска 1, Сентовска, Мицевска 2, Костадиновска, Ашкилова, Стоилова, Ташкова 1, Велковска 6, Стојановска, Ефремова, Павлова.

Седмерци: 5/5, Исклучувања: 12 мин.