Ѓеоргиевска и Подравка пред елиминација од Лигата на шампионите

Капитенот на женската сениорска репрезентација, Елена Ѓеоргиевска е пред елиминација од Лигата на шампионите со својот тим, Подравка бидејќи има само два поени после пет кола, а во последното коло ќе гостува кај Кристијансанд и речиси и да нема никакви шанси за да се направи добар резултат.

Поразот на домашен терен од Мец од 25:32 беше главниот удар после кој дефинитивно Подравка испадна од комбинација барем за 3. место кое води понатаму во вториот круг, па ова беше дефинитивно чекор назад за ракометарките на шампионот на Хрватска. На оваа средба Елена имаше два погодоци.

Вака останува Ѓеоргиевска и Подравка во последното коло следниот викенд да ја одработат својата задача и да ја финишираат оваа сезона. Тоа значи дека ќе можат да се посветат на домашното првенство и на регионалното натпреварување.