Штербик оди во пензија, позната е неговата замена во Веспрем!

Легендарниот голман Арпад Штербик, еден од најдобрите светски чувари на мрежата кој беше дел и од Вардар, на крајот на оваа сезона ќе замине во пензија. Откако си замина од македонскиот и европски првак со кој освои една титула, Штербик потпиша договор на две години со унгарскиот гигант Веспрем.

Неговиот престој таму ќе го заврши на крајот на сезоната, кога и официјално ќе објави дека се повлекува од активното играње ракомет. Покрај за Вардар и Веспрем, Штербик во богатата кариера настапуваше и за Барселона, Сиудад Реал,

Веспрем ја најде замената за Штербик. Станува збор за шпанскиот голман на ПСЖ, Родриго Коралес, кој по три години си заминува од француската престолнина и ќе ги формира дуо со Владимир Цупара на голот на Веспрем.

ПСЖ веќе најде замена за Коралес. Во Париз ќе се пресели ветеранот од Шамбери, 37-годишниот Јан Жанти. Покрај голманот, во тимот на Раул доаѓаат Ферна Соле, Матје Гребил, Даинис Кристопанс и Елохим Пранди.