Шишкарев: ЦСКА Москва ќе биде европски шампион во следните три години

Претседателот на ракометната федерација на Русија, Сергеј Шишкарев во интервју за stregspiller.com говореше за создавањето на проектот ЦСКА Москва и за амбициите на екипата во наредниот период. За рускиот тим настапува и македонската репрезентативка Сара Ристовска.

„Со оглед на целите на ЦСКА федерацијата не може многу да помогне, но го поддржува проектот. Имавме состаноци, поделивме совети и споделуваме искуства. Федерацијата помогна да се потпише договорот со оделението за спорт на владата во Москва и школата за олимписки резерви. Нов силен тим во Супер лигата ќе го подигне нивото на лигата. Во блиска иднина ЦСКА би требало да ја претставува Русија на меѓународна сцена. Отворени сме за натамошна соработка и доколку се појави некој проект во другите региони ние ќе бидеме среќни. Подготвени сме да помогнеме на сите што се заинтересирани за разовој на ракометот. ЦСКА е млад клуб и во иднина се очекува да има повеќе ракометарки кои настапуваат за националниот тим, како и некои млади таленти. Можеби целта за освојување на титулата во Лигата на шампионите во наредните три години е малку преамбициозна, но во ЦСКА се одлучни на успех“, изјави Шишкарев.

ЦСКА Москва беше формирана во пресрет на оваа сезона, а во овој проект покрај Сара Ристовска, се вклучени најдобрите руски ракометарки, како и уште две интернационалки.