Шведска со еден десен бек на Европското првенство (ФОТО)

Селекторот на репрезетнацијата на Шведска, Кристјан Андерсон го објави списокот на ракометари со кој ќе го започне првенството. Пред своите гледачи Шведска ќе брка висок пласман со 16 ракометари меѓу кои ќе нема доста познати имиња.

Андерсон на десната бековска позиција го повика само Албин Лагергрин од Магдебург и со само еден десен бек тргнува во одбрана на среброто од минатото Европско првенство во Хрватска. Во составот ќе ги нема добро познатите Никлас Екберг, Хампус Ване и Ким Андерсон.