Чупиќ за 24 Ракомет ТВ: Сите играме еден за друг, тоа е моќта на овој Вардар

Ракометарот на Вардар кој денеска се покажа одлично како десен бек и беше супер замена за Даинис Кристопанс на оваа позиција, Иван Чупиќ после дуелот со Келце коментираше пред камерата на 24 Ракомет ТВ.

Тој го искажа своето видување за играта на оваа средба, за очекувањето од следниот меч, но најинтересно беше да се слушне како тој е задоволен од она како се снајде како десен бек и дали можеби и понатаму ќе игра на оваа позиција.

„Сите играме таму каде што тренерот бара од нас. Ние играме еден за друг. Ако некој играч недостига другиот ќе помогне. Овој пат јас бев на десен бек, другпат ќе биде Шишкарев. Како Вардар игра сега ќе игра секогаш. Тоа е моќта на овој Вардар“, коментираше Чупиќ пред камерата на 24 Ракомет ТВ.