Чупиќ асистира, Столе реализира, цела сала – експлодира

Ракометарите на Вардар во овие моменти го играат натпреварот од седмото коло во Лигата нашмпионите против полскиот Келце.

“Црвено-црните” водат со 12-10 на десетина минути до паузата, а еден погодок вреден за одбележување е оној на капитенот Стојанче Стоилов.

Чупиќ како десен бек асистираше до Столе, тој погоди од шест метри, а цела сала со овации го поздрави голот на капитенот.